14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Софиска ЦСКА не сака да настапи во Скопје, било небезбедно!?

НАЈЧИТАНО

Во денешните изданија на бугарските медиуми се појавија реакции околу малиот број билети доделени на софискиот клуб за натпреварот со Македонија ЃП во Конференциската лига на УЕФА.

Имено, клубот од Ѓорче Петров натпреварот како домаќин ќе го игра на „Петар Милошевски“ во центарот на ФФМ. Според правилата на УЕФА, обезбедени се 5 % од капацитетот на гледачи за гостинската публика.

– Македонија, Ѓорче Петров ќе пушти само 60 билети за симпатизерите на „црвените“. По итни разговори по ждрепката, македонскиот клуб првично беше подготвен да пушти во продажба уште многу места за симпатизерите на ЦСКА. Оттаму не ја прифатија идејата на челниците на ЦСКА натпреварот да се игра на националниот стадион во Скопје, за да можат сите заинтересирани да присуствуваат на натпреварот. На крајот, домаќините по консултација со локалната федерација и полицијата, решија да го намалат бројот на 60 – стои во соопштението од ЦСКА Софија кое го пренесува Труд.
Во редакциски коментар, од Труд прашуваат дали воопшто треба да се игра оваа средба во Скопје, поради тензиите кои се случуваат во двете земји, дури овој натпревар го споредуваат со оние на екипи и репрезентации од Русија и Украина, како и Азербејџан и Ерменија, а од овој медиум предлагаат средбата да се одигра во Ниш.

– Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“.

Натпреварот Македонија ЃП – ЦСКА е закажан за 21 јули со почеток во 17:30 часот

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО