26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Сопругот на Бритни Спирс нема да добие ниту цент од неа

НАЈЧИТАНО

Бритни Спирс и Сем Ашгари се официјално во брак. Меѓутоа, пред да го изговорат судбоносното „да“, морале да решат некои многу сериозни правни прашања за да ги заштитат милионите на Бритни.

Извори блиски до младенците за ТМЗ велат дека имаат цврст предбрачен договор во кој Сем нема да добие ниту еден долар од богатството што Бритни го стекнала досега. Овој потег и не е толку изненадувачки, бидејќи адвокатите биле повикани „на помош“ набргу откако парот се свршил.

Бритни, наводно, е „тешка“ 60 милиони долари и очигледно е потенцијал за сериозна заработка, но ќе го задржи целото богатство доколку работите тргнат наопаку помеѓу неа и Сем.

Пред неколку месеци Ашгари се пошегува дека тој сакал предбрачен договор за да ја заштити „неговата колекција џипови и чевли“, но изворите на ТМЗ тврдат дека тимот на Бритни бил тој што ги покренал правните работи.

 

Да потсетиме, Сем и Бритни се венчаа минатата недела во Лос Анџелес во куќата на пејачката. Меѓу присутните беа Мадона, Парис Хилтон, Селена Гомез и други. Пејачката не поканила никој од семејството на свадбената прослава.

Исто така, по повод својот нов брак, Бритни купила и нов дом за Сем и за себе. Имено, таа потрошила 11,8 милиони долари за вила во Калабасас. Куќата од преку 1.000 квадратни метри се наоѓа сосема блиску до местото каде што живее нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн со нивните два сина Шон и Џејден.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО