22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Соосновачот на „Гугл“ се разведува од сопругата поради нејзината романса со Илон Маск

НАЈЧИТАНО

Сопственикот на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, ги демантираше пишувањата на медиумите дека имал афера со Никол Шанахан, сопругата на ко-основачот на Гугл, Сергеј Брин, јавува Би-Би-Си.

Имено, угледниот „Волстрит журнал“ објави сторија за тоа како ненадејно завршило големото пријателство на Брин и Маск поради наводна љубовна врска.

На Твитер, како одговор на една од објавите за наводната афера, тој искоментира дека тоа е „тотален с***“.

Тој рече дека тој и Брин се уште се пријатели и дека „синоќа се забавувале заедно“.

„Никол ја видов два пати во три години, и двата пати имаше многу луѓе околу нас. Ништо романтично не се случи“, напиша тој.

Угледниот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на сигурни извори, напиша дека Маск бил во кратка врска со Никол на крајот на минатата година. Тоа било директна причина Брин да поднесе барање за развод, по што завршило долгогодишното пријателство меѓу двајцата милијардери од технолошкиот сектор.

„Волстрит журнал објави толку многу измислени приказни за мене и „Тесла“ што веќе не се бројат“, напиша Маск во друг коментар за истата вест.

Наводно, прељубата се случила на престижниот саем за уметност Арт Базел во Мајами, откако Маск ја прекинал врската со пејачката Грајмс.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО