8.3 C
Ohrid
Wednesday, December 7, 2022

Словачка ќе плаќа за рускиот природен гас во рубли, доколку тоа е потребно за да се задржи протокот на стоката

НАЈЧИТАНО

Словачка ќе плаќа за рускиот природен гас во рубли, доколку тоа е потребно за да се задржи протокот на стоката, изјави словачкиот министер за економија Ричард Сулик на националната телевизија, пишува РТ.

– Ако има услов да платиме во рубљи, тогаш ќе плаќаме во рубли – рече Сулик.

Тој нагласи дека рускиот увоз сочинува околу 85 отсто од сите испораки на словачки гас, така што властите на земјата ќе останат прагматични по ова прашање.
– Не може да бидеме отсечени од гасот – нагласи Сулик, повикувајќи го остатокот од Европа заеднички да бара решение.

Одлуката европските земји од 1 април да плаќаат за рускиот гас во рубљи ја донесе рускиот претседател Владимир Путин минатата недела во форма на декрет за воведување нов платежен механизам.

Иако некои декретот го гледаат како спротивен на постоечките договори за гас, механизмот, технички, не подразбира промена на валутата на плаќање. Тој им овозможува на купувачите да отворат сметки во рубљата кај руската „Газпромбанк“ за да го олеснат трансферот на плаќањата на европските компании на руските добавувачи.

Словачкиот министер за економија, заедно со голем број други европски политичари, рече дека ситуацијата бара диверзификација, односно наоѓање нови и различни добавувачи. Но, тој рече дека ова може да потрае со години, а Словачка има само два месеци да го реши сегашниот проблем со набавката на гориво.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО