23.9 C
Ohrid
Monday, May 23, 2022

Славната манекенка на 78 години изгледа фантастично!

НАЈЧИТАНО

Откако во 2017 година официјално стана најстарата жена што се појавила на насловната страница на магазинот „Вог“, Лорен Хатон повторно ги помести границите.

Лорен Хатон е супермодел и актерка, а сега на 78 години воодушеви во топлес издание на насловната на престижниот моден магазин. Ќе ја краси насловната страница на мајското издание на модниот магазин „Харпер’с базар“.

Со самото тоа, Хатон покажа дека со гордост ги носи своите години и докажа дека една дама може да биде поеднакво убава и блескава и во осмата деценија од животот.

 

– Не сакам да се трудам да изгледам помладо. Среќна сум поради тоа што сѐ уште се занимавам со манекенство, а сѐ уште сум спортистка – порачала Хатон.

 

Таа признала дека не троши многу време на нега.

– Не трошам време на тоа. Обично брзам да си легнам, да водам љубов или да читам книга. Единствениот ритуал што го следам е миење на лицето со сапун и вода. Ужасно е. Потоа ставам малку масло со ретинол, што навистина прави чуда на мојата кожа. Имам и растение алое вера, на кое му ги сечам листовите и го нанесувам на лицето и деколтето. На косата ставам рицинусово масло. Ставам малку на врвовите на прстите и го масирам во скалпот, што ми ја прави косата помалку сува – изјавила Хатон.

Инаку, Хатон е позната по својата улога во филмот „Американски жиголо“, во кој партнер ѝ беше Ричард Гир.

 

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО