17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Славната актерка призна дека е вљубена во жена

НАЈЧИТАНО

Актерката и комичарка Ребел Вилсон, која изминативе години е во центарот на вниманието поради тоа што ја преполови својата телесна тежина и ја постигна најголемата физичка трансформација во животот, има уште убави вести.

Откако долго се криеше, австралиската актерка одлучила повторно да соопшти дека е геј и среќно вљубена.

Ребел Вилсон сподели фотографија на која позира со својата девојка Рамона Агрум и напиша на Инстаграм, дека „можеби сè што ѝ било потребно за сево ова време била принцезата од „Дизни““.

 

Таа и претходно призна дека е во среќна врска, а не е познато дали претходно била во љубов со жени. Медиумите своевремено пишуваа за раскинувањето на нејзината свршувачка со 11 години помладиот Џејкоб Буш, наследникот на компанијата која се занимава со произведување на пива.

Како што јавуваат медиумите, Ребел, на некој начин, е принудена да се изгласи.

Австралискиот магазин „The Sydney Morning Herald“ ја контактирал актерката, бидејќи имале информација дека е геј и побарале нејзин коментар. Актерката веднаш потоа ја објавила споменатата фотографија, на што овој магазин реагирал со статија во која ја осудува актерката што сама ја споделила една од најважните и најчувствителните работи во животот – наместо да им препушти да имаат светска ексклузива.

На социјалните мрежи следеле многу негативни реакции и обвиненија на сметка на тој магазин, а Ребел им се заблагодарила на фановите за поддршката.

„Ви благодарам на сите за коментарите, ситуацијата беше тешка, но се обидувам да се соочам со тоа грациозно“, порачала Вилсон.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО