5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Славната австралиска поп-пејачка Кајли Миног во моментот престојува во Ровињ

НАЈЧИТАНО

Славната австралиска поп-пејачка Кајли Миног во моментот престојува во Ровињ.

Познатата пејачка заминала на одмор во Хрватска, каде што со своите пријатели поминува време во Истра.

Меѓу многуте ѕвезди кои годинава ја посетија Хрватска, сега им се придружи и една позната Австралијка која се населила во вила во близина на Ровињ.

Во прилогот што го објави хрватскиот РТЛ, тие ја снимија Кајли Миног опуштено, откривајќи дека престојува во луксузна вила уредена во стилот на Коко Шанел, која се простира на 400 квадратни метри.

Хрватските медиуми пишуваат дека успеале и да ја снимат на излегување од вилата кога чекала достава на храна, а била облечена во лежерно, спортско издание, додека од куќата се слушала музика.

Австралиската поп дива не е единствената ѕвезда која годинава ја посети Хрватска.

Неодамна Дејвид и Викторија Бекам беа во околината на Дубровник, како и Метју Меконахи со сопругата, Вуд Харелсон, Крис Рок и други.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО