3.3 C
Ohrid
Saturday, February 4, 2023

Скопското крило на ДУИ револтирано од предлозите на Ахмети

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Скопското крило во ДУИ не учествуваше на консултативната средба што денеска ја свика лидерот Али Ахмети. Извори од оваа група информираат дека причината за бојкотот на средбата е нивното незадоволство од претходните средби и од предлозите на Ахмети за потпретседатели и секретари на ДУИ, објави ТВ Алсат.

Телевизијата тврди дека Изет Меџити ја понудил својата оставка од позицијата потпретседател на партијата, бидејќи не се согласува со имињата кои Ахмети ги предложил за партиските функции: Фатон Ахмети за генерален секретар, Валдет Џафери за организациски секретар, Изет Меџити, Арта Билали и Арбер Адеми за потпретседатели и Бујар Османи за портпарол. Оваа група не се согласува со овие предлози бидејќи тие се сметаат за блиски на вицепремиерот Артан Груби. Групата смета со тоа одлучувањето во партијата ќе остане во рацете на Груби.

„На седницата на Генералниот совет на ДУИ, свикана за утре, 15 октомври 2022 година, ќе учествува и Огнената група со веќе изнесен став дека дека ќе ги повторат позициите за промени во раководството на партијата. Ако не биде спроведено ова нивно барање групата не ја исклучува можноста да стане внатрепартиска фракција во ДУИ“ – објави ТВ Алсат.

Денеска јавно на оваа група ѝ се придружија и други членови на Генералниот совет, Амет Исмаили од Студеничани и Ваит Ајро од Струга, тврди телевизијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА“

На свечена церемнонија денес беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“. – По втор пат за една година под...

Пејачката Бритни Спирс ја обвини актерката Алиса Милано за „злоставување“

Пејачката Бритни Спирс (41) ја обвини актерката Алиса Милано (50) за „злоставување“ откако актерката објавила твит кој ја навредил. Ѕвездата на серијата „Charmed“ изразила загриженост...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...
spot_img
spot_img
spot_img