22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Скелет од диносаурус продаден на аукција во Њујорк за шест милиони долари

НАЈЧИТАНО

Редок скелет од диносаурус бил продаден во САД на непознат купувач за нешто повеќе од шест милиони долари. Продаден е на аукција на Сотби во Њујорк.

Станува збор за фосил на горгосаурус, далечен роднина на тираносаурусот рекс, а откриен е во 2018 година, пишува Би-би-си.

Анонимен клиент ќе има единствена можност да му додели прекар на поранешниот предатор, додава Би-би-си.

Ова е втор пат Sotheby’s да продава фосилизиран скелет од диносаурус. За прв пат, тираносаурус рекс, по име Сју, беше продаден на музеј во Чикаго во 1997 година за 8,36 милиони долари.

Горгосаурусот се очекуваше да достигне цена од осум милиони долари.

Тоа е единственото од ваков вид понудено на продажба во приватни раце. Постојат само 20 познати фосили на горгосаурус во светот.

Горгосаурус живеел на планетата пред околу 77 милиони години, а како Тираносаурус Рекс имал голема глава, уста полна со заоблени, остри заби и мали предни екстремитети со два прста.

Иако помал од својот далечен роднина, тој беше побрз, пожесток и имаше посилен залак, па можеше да се пробие низ густата кожа и да навлезе длабоко во месото на својот плен, вели Сотби.

Овој фосил е пронајден на приватен имот во американската сојузна држава Монтана. Има 79 коскени елементи, висок е три метри и долг 6,7 метри.

Рекордна цена за фосил од диносаурус е сè уште 31,8 милиони долари, а исто така беше продаден на приватен купувач во 2020 година.

Иако името на овој горгосаурус се уште не е објавено, меѓу следбениците на Сотби на социјалните мрежи се издвои прекарот „убавиот Џорџ“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО