2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Скандал во Велика Британија: 45 бебиња починале поради невнимание во болниците

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Според извештајот објавен во средата, 45 бебиња кои починале во две британски болници управувани од East Kent Hospitals NHS Trust би можеле да преживеат доколку нивната грижа била на соодветно ниво.

Докторот Бил Киркуп, кој ја водел официјалната независна истрага, ги опишал неговите наоди како „остра“ и „шокантни“.

„Доколку беа земени предвид националните стандарди, исходите би можеле да бидат различни во 45 од 65 испитани смртни случаи на доенчиња. Тие не ги слушаа жените, беа третирани со непочитување, а тоа доведе директно до сигурни смртни случаи“, рече Киркуп, а пренесува АФП.

Лекар кој објави слични наоди пред седум години, откако ја истражуваше смртта на бебињата во други болници во северозападна Англија, рече дека лекциите уште еднаш не се научени.

„Во период од десет години, Советот на Источен Кент доби извештаи за проблеми во најмалку осум наврати. Можеа да го поправат. Првиот случај беше во 2010 година, но не го сторија тоа. Во секој случај најдоа начин да го негираат постоењето на проблем“, рече Киркуп.

Истрагата во Ист Кент беше покрената по смртта на детето по име Хари Ричфорд, кое почина во ноември 2017 година само седум дена откако се роди со итен царски рез. Анализата покажала дека бебето починало поради седум пропусти кои претставуваат занемарување.

Д-р Киркуп откри слични податоци во 2015 година, по истражување на породилните услуги во Универзитетските болници Морекамбе Беј NHS Trust.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img