22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Сите загинати во несреќата на автобусот со полски регистарски таблички кај Брезнички Хум во Хрватска се полски државјани

НАЈЧИТАНО

Сите загинати во несреќата на автобусот со полски регистарски таблички кај Брезнички Хум во Хрватска се полски државјани, потврди денеска полската агенција ПАП, повикувајќи се на полското Министерство за надворешни работи.

– Во овој момент можеме да го потврдиме тоа – изјави портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека „автобусот има варшавски регистарски таблички“.

Дванаесет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава, околу 5 часот и 40 минути, на автопатот А4, кај Брезнички Хум во правец кон Загреб, кога автобус со полски национални таблички превезувал патници на аџилак во Меѓугорје.

Според информациите на полските медиуми, меѓу патниците во автобусот имало и 3 свештеници и 6 калуѓерки.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки по трагичната несреќа во Хрватска ги испрати министерот за здравство Адам Војчех Ниеџиелски и заменик министерот за надворешни работи Марчин Пжидач, а со нив патуваат и медицински лица и психолози, пренесува ПАП.

Хрватскиот премиер и министерот за надворешни работи дипломатијата Гордан Грлиќ Радман им изразија сочувство на полските колеги.

Пленковиќ денеска разговараше со полскиот колега Моравјецки во врска со сообраќајната несреќа кај Брезнички Хум и во името на хрватската Влада изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Шефот на дипломатијата, пак, му изрази сочувство на полскиот шеф на дипломатијата Збигњев Рау. Грлиќ Радман „изрази надеж за брзо закрепнување на повредените“ и нагласи дека „надлежните служби ја даваат сета потребна помош“.

„Хрватскиот народ се солидаризира со Полска и нејзините граѓани“, напиша Грлиќ Радман на Твитер.

 

фото: Јутарњи лист

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО