27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Сите вработени во „Градски енергетски системи“ си дале отказ

НАЈЧИТАНО

Претпријатието за енергетика на Град Скопје „Градски енергетски системи“ (ГЕС) остана без вработени откако сите си дале отказ, бидејќи немаат земено плата три месеци и со месеци биле без здравствено осигурување, пренесе СДК.

Директорот на ГЕС Гоце Трпчевски вели дека во моментот АД ГЕС Скопје се наоѓа во многу незавидна состојба поради незаинтересираноста на градоначалничката Данела Арсовска. И покрај постојаните барања за средба, со Арсовска се виделе само еднаш, лани во ноември непосредно при нејзиното доаѓање на функцијата. Тогаш Арсовска побарала да се достави извештај за досегашнато работење на ГЕС и потоа ниту еднаш не одговорила на нивните повици и оставени се без пари.

– Повеќе пати сме се обратиле до Град Скопје и сме ги информирале за состојбата на Друштвото и проблемите со кои се соочувавме, но никој не ни одговара иако Градот е единствен сопственик на Друштвото. Сите вработени ги откажаа договорите за вработување и последните вработени се одјавени заклучно со 31 јули 2022 година. Напуштањето на Друштвото од страна на вработените следи откако беа оставени без неисплатени сега веќе три месечни плати и без здравствено осигурување во време на ковид пандемија. И покрај напорите и барањето кои ги испративме до градоначалничката Арсовска при креирањето на буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат финансиски средства за работата на ГЕС, тоа не беше направено и сме оставени без пари – вели Трпчевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО