23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Синдикатот на УКИМ бара итна средба со Владата

НАЈЧИТАНО

Синдикатот на УКИМ бара од Владата во најкус можен рок да одржат средба, на која ќе се разговара за зголемување на платите на вработените и потпишување Колективен договор.

– Се надеваме дека, како и за другите професии и дејности во државата на кои што значително и неколкукратно им беа покачени платите, Владата ќе покаже разбирање и подготвеност за потпишување на нашиот колективен договор со што ќе се обезбеди достоинствена плата за вработените на УКИМ. Во спротивно, ќе бидеме принудени да организираме протести пред Владата за заштитата на правата и стандардот на вработените на УКИМ – вели претседателот на Синдикатот на УКИМ, проф. д-р Ангел Ристов.

За состојбата на УКИМ, Синдикатот ќе ги извести и Постојаната мисија на ЕУ, Меѓународната организација на труд, Меѓународните синдикати од областа на образованието, Амбасадата на САД и земјите членки на ЕУ.

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 2 јуни одржа мирен протест пред Ректоратот на УКИМ, изразувајќи незадоволство од влошената материјална положба на вработените.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на 2 јуни повика протестот да биде предупредување, а не закана за јунската испитна сесија и да не им се наштети на студентите. Зголемување на платите во високото образование ќе има од септември и тоа е предвидено со ребалансот на Буџетот, најави тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО