3.3 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Симфони дигитал го оствари својот сон

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

За крунисување на успесите и резултатите во претходните 4 години, на 14 декември 2022 година, Symphony Digital официјално ќе го отвори технолошкиот центар во Скопје, прв од ваков вид во Македонија. Ова е трет технолошки центар на Symphony Digital во Југоисточна Европа, по Нови Сад и по Сараево.

Следејќи ја истата визија за создавање простор кој одговара на потребите на вработените, при тоа овозможувајќи им да се среќаваат, да соработуваат и да растат заедно, се надеваат дека ќе го видат новиот технолошки центар Symphony Digital како место на кое се раѓаат иновациите и се споделува знаење и место на кое се одржуваат значајни и квалитетни настани, како и во нивните технолошки центри.

Технолошкиот центар Symphony Digital, со 2.200 квадратни метри, содржи повеќе од 15 конференциски сали, сауна, теретана, зона за релаксација и забава и тераса на покривот, а приземјето нуди широк простор од отворен карактер. Столбовите на кои се заснова Symphony Digital се постигнување извонредни резултати притоа создавајќи мотивирачка атмосфера за секој член на заедницата.

Symphony Digital (Симфони дигитал) има влијание на ИТ пазарот во Македонија од 2019 година. Кога за прв пат го отворија својот инженерски центар во Скопје, тие воедно и ја поставија основата за нови можности за талентирани IT инженери, истовремено активно придонесувајќи за развојот на локалниот ИТ еко систем. Оттогаш, Symphony Digital гради и негува силен тим кој успешно соработува со водечки компании во банкарскиот, здравствениот, трговскиот, транспортниот и енергетскиот сектор за развој и спроведување врвни дигитални производи.

– Symphony Digital нуди многу можности. Ние се стремиме да го направиме овој простор да биде плоден не само за вработените, туку и за локалната ИТ заедница во Скопје. Нашиот технолошки центар во Скопје е уште еден одличен пример за нашата визија, која секојдневно ја живееме во нашата работа и однесување. Го препознавме талентот на инженерите од Македонија пред многу години и денес, со новиот технолошки центар, правиме огромен чекор напред кон подобрување и унапредување на нашата работна средина, со многу пошироко влијание врз локалната економија, како и развивање на микро-заедниците во Скопје – изјави Зоран Маневски, директор на Symphony Digital.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img