5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Симболот на раселените деца од целиот свет – куклата „Малата Амал“ пристигна во Њујорк

НАЈЧИТАНО

Џиновска кукла висока 3,5 метри, наречена „Малата Амал“, која претставува деветгодишно девојче од Сирија, пристигна во Њујорк.

Куклата е изложена во паркот Асторија во Квинс. Нејзиното патување од сириско-турската граница започна во јули 2021 година, а таа беше симбол на милиони раселени деца од целиот свет.

Станува збор за проектот „The Walk“ на британскиот театар „Good Chance“ кој има за цел да го привлече вниманието на проблемите со кои се соочуваат децата бегалци од Сирија, а куклата оди по рута слична на онаа што ја поминаа некои сириски бегалци од војната во нивните земја.

„Малата Амал“ патува низ неколку земји во потрага по својата мајка, привлекувајќи внимание на предизвиците со кои се соочила. Таа го започна своето патување на 27 јули минатата година од Газиантеп, град во Турција, кој се наоѓа во близина на Сирија.

За време на патувањето, таа посети неколку градови во Европа за да ја подигне свеста за маките на милиони малолетни бегалци.

Името Амал на арапски значи надеж.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО