16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Силен земјотрес ја погоди Романија

НАЈЧИТАНО

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во романската област Вранча, соопшти Националниот институт за истражување и развој на физиката на земјата (INCDFP).

Земјотресот е регистриран на длабочина од 81 километар, 155 километри северно од Букурешт, пренесува Аџерпрес.

Во текот на овој месец во Романија имало 12 земјотреси со јачина од 2,4 до 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес во Романија годинава се случи на 16 јануари, со јачина од 4,4 степени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО