16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Се утврдува дали има вештачки недостиг од пелети

НАЈЧИТАНО

Како што претходно при обидот да се направи профит со криење на прехранбените производи беа посочени сите компании што тоа го направија и сега ќе направиме слично со оние што се обидуваат да направат вештачки недостиг на пелети и огревно дрво за зголемување на нивните цени, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Денеска на Влада по допрен глас ќе дадеме задолжение на Инспекторатот да излезе на терен за да потврди дека ваквите укажувања се вистинити. Укажувањето е дека трговците не дека немаат количини на пелети на огревни дрва, но тоа го прават вештачки, како што некој претходно се обиде пред одреден временски период тоа да го направи со прехранбените продукти за да има зголемување на нивните цени. Да имавме закон за воено профитерство лесно ќе реагиравме – рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Вицепремиерот нагласи дека во подготовка е закон за фер односи во стопанството, во кој, како што рече, тоа ќе биде регулирано.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО