13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Се укинуваат сертификатите за влез во Македонија

НАЈЧИТАНО

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19, коко и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.

За оваа одлука денеска со објава на својот Фејсбук-профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи.

Ове е уште едно олабавување на ковид мерките од крајот на март кога Владата одлучи учениците од прво до деветто одделение на училиште да присуствуваат без маски.

Ваквите одлуки беа донесени по предлог на Комисијата на спречување заразни болести.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО