23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Се судрија камион и автомобил во Велес

НАЈЧИТАНО

На улица во населбата Шорка, на излезот од Велес попладнево во 14:54 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и камион. Три лица се полесно повредени.

– Во сообраќајната несреќа имало тројца полесно повредени кои се возеле во автомобилот. Сите тројца повредени од возилото се жители на велешкото село Мелница на возраст од 29, 34 години и 50 години, кои се здобиле со полесни повреди на вратот, градите и колената и биле видно вознемирени од несреќата –  информираза МИА д-р Славица Нешова Пановски.

По укажаната прва медицинска помош сите тројца патници итно се однесени на преглед во Хирушките амбуланти на велешката Општа болница.

Сообраќајката за МИА од СВР Велес ја потврди и Ристе Самарџиев, кој појасни дека екипа на СВР Велес прави увид на настанот, а по што утре ќе даде и писмено подетална информација за настанот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО