2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Се сликала во црква во секси фустан и марама

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Георгина Родригез (28), девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (37), на својот инстаграм-профил сподели серија фотографии кои се направени во познатото светилиште во Фатима, Португалија, но набрзо се најде на мета на критики поради изборот на облека за одење во црква.

Таа избрала тесен фустан со шлиц, кој го искомбинирала со дизајнерски модни додатоци – чанта „Шанел 2.55“ во бела боја чија цена е 8.995 евра и марама од истиот бренд, која чини 450 евра, а комбинацијата ја заокружила со сандали на „Ермес“ кои чинат 700 евра.

– Продолжи да ме водиш и да ми го осветлуваш патот Девице“, напишала Георгина под фотографијата, а набрзо следеле бројни коментари од следбениците. Некои рекле дека изгледа одлично, додека некои мислат дека претерала и дека нејзиниот аутфит како и објавените фотографии не се соодветни.

 

„Не мора да носиш фотоапарат со себе кога се молиш и би можела барем да имаш доволно почит кон себе и црквата да го покриеш твоето тело“, „Ова не е место за таква облека“, „Дури и во црква го става задникот во преден план“, „Ова е како реклама на „Шанел“ во црква“, „Дали се потребни вакви фотографии?“, „Оваа облека е сосема несоодветна за вакво свето место“, е само дел од коментарот.

Инаку, Георгина во неколку епизоди од документарниот серијал кој е достапен на стриминг платформата „Нетфликс“ истакна колку е важна верата.

Да потсетиме, Аргентинката неодамна се најде и на мета на критики откако сподели фотографии од приватен авион. Родригез позираше во бел фустан кој го истакна нејзиното деколте и фигурата, а фотографијата со Роналдо иако воодушеви дел од следбениците, некои и упатија критики ѝпод објавата.

„Пред неколку дена со човекот од моите соништа“; напишала Георгина со серија фотографии, а вниманието на следбениците го украле скапите модни детали и накит, па и упатиле бројни критики. „Мислев дека ова е реклама за часовници“, „Колку сакаш да се фалиш“, „Не грижи се, гледаме само накит“, „Човекот од твоите соништа“? Ми се чини дека сепак твоите соништа се дијаманти“, „Биди искрена, ги сакаш неговите милиони, јасно се гледа“, е само дел од коментарите.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img