24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО УРБАНА ЗАЕДНИЦА-7 „7-MИ НОЕМВРИ“

НАЈЧИТАНО

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.

Денеска на 23.06.2022 (четврток) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани  за Урбана Заедница-7 „7 –ми Ноември“. Собирот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

Урбаната Заедница -7 “7-ми Ноември” го зазема средишниот дел од градската територија и се граничи со: од исток ул. “7-ми Ноември”, од Запад ул. “Пирин Планина”, од Север “1 Градски Ринг” и од Југ булевар “Туристичка”.

Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните УЛИЦИ: ул. “Абас Емин” – дел од бр.10 и 17 пресек со ул. булевар “Туристичка” до пресек со новопроектирана ул.”1 Градски ринг”,ул. “Дејан Војвода” – дел од почеток лева страна до бр.143 и десна страна до 244, ул. “Бекир Али Риза”, ул. “7 Ноември” – дел лева страна до бр. 97 пресек со новопроектирана ул.1 Градски Ринг,  булевар “Туристичка” – десна страна дел од бр.54 кај Охридска банка до бр. 64 кај перална “Крле” пресек со ул. “Пирин Планина”, ул. “Пирин Планина” – десна страна дел од пресек со булевар “Туристичка” до  новопроектирана ул. “Прв градски ринг” – лева страна дел, булевар “Македонски Просветители” пресек со ул.булевар “Туристичка” до крај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО