18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Се самоуби тинејџерската ѕвезда Кајлија Пози

НАЈЧИТАНО

Кајлија Пози, 16-годишното девојче кое на само пет години се појави во емисијата „Toddlers & Tiaras“ на каналот Ти-ел-си, се самоубила, а трагичната вест ја потврди нејзината мајка.

– Немам зборови. Прекрасното девојче замина. Ве молам, дадете ни приватност додека го оплакуваме губитокот на Кајлија. Ќе остане моето бебе засекогаш – објавила Марси Пози Гатерман во вторникот, на Фејсбук, споделувајќи фотографија од својата ќерка во фустан.

 

Кајлија уште од најмладите денови била облечена во тесни фустани, а често на себе имаше и професионална шминка.

Подоцна, мајката на девојчето во изјава за ТМЗ рекла дека нејзината ќерка „донела избрзана одлука да стави крај на својот земен живот“. Нејзиното тело е пронајдено во автомобил во државниот парк Бирч Беј во Вашингтон во понеделникот, потврдија властите за „Дејли мејл“.

Килија неодамна го прослави својот 16-ти роденден и присуствуваше на матурската вечер во текот на викендот.

 

 

Кајлија Пози се појави во емисијата „Toddlers & Tiaras“ (Малите деца и дијадемите) која даде поглед од зад сцената на светот на детските натпревари. Во епизодата од 2016 година, мајката на Кајлија рекла дека девојчето почнало да учествува на натпревари кога имала три години.

За време на една епизода од шоуто од 2012 година, Кајлија, тогаш на возраст од пет години, ја направила познатата насмевка која стана вирална како мим, правејќи го нејзиното лице препознатливо и надвор од светот на „Малите деца и дијадеми“.

 

 

Кајлија Пози неодамна се натпреварувала на изборот за мис тинејџерка на Вашингтон. Во нејзината биографија на веб-страницата на натпреварот пишува дека учела во средното училиште Линден и дека сакала да стане авијатичарка, да пилотира.

Тинејџерката била одлична ученичка, активна на Инстаграм и нејзините неодамнешни објави сега се преплавени со пораки од пријатели и следбеници, кои тагуваат по неа.

Во саботата нејзиниот очув Стивен Гутерман објави дека тој ден била нејзината матурска вечер. Исто така, на 19 април, тој објавил порака за нејзиниот 16-ти роденден, во која напишал: „Среќен 16-ти Кајлија! Ти си убава одвнатре и однадвор. Твојата светлина свети силно каде и да одиш. Ти посакуваме најубав ден!”

 

 

ФОТО: Инстаграм/Твитер

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО