27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Се поставуваат 18 мерни станици во тиквешкиот регион

НАЈЧИТАНО

Почна поставувањето мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. Вкупната вредност на проектот е 10 милиони денари.

Вакви мерни станици ќе има на 18 локации во Тиквешкиот Регион, а денеска беше поставена првата – во Кавадарци.

– Земјоделските производители ќе добиваат податоци од електронскиот мониторинг за атмосферските влијанија врз земјоделските површини, а со тоа можност за точно утврден период на потребата од  заштита. Со поставувањето на овие мерни станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини, на лозово – овоштарските насади. Мерните станици ќе даваат важни информации за влажност на воздухот, сончеви денови во годината, количество на врнежи, степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци што ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер, со што значително ќе може да се допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди, а во исто време и зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите – велат од Општината.

Вредноста на регионалниот проект е 10.000.000 денари со вклучен ДДВ од кои 9.000.000 се обезбедени од Бирото за регинален развој преку Вардарско-планскиот регион, додека останатите 1.000.000 се од општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО