23.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Се очекува пораст на интересот за дигитална трансформација

НАЈЧИТАНО

Триесет и четири отсто од компаниите имаат висок индекс на дигитализација, што е зголемување во однос на минатата година кога оваа бројка изнесуваше 28 отсто, покажува истражувањето за дигиталната зрелост на македонските компании што го спроведе Македонски Телеком, во соработка со компанијата за истражување ИПСОС.

Истражувањето беше спроведено врз репрезентативен примерок од 500 компании. Главниот фокус е насочен кон компаниите со помалку од 250 вработени, како значаен двигател на економијата со најголемо присуство на македонскиот пазар.

– Сите оние компании коишто порано почнаа да користат дигитални алатки веќе бележат раст и развој. Денес не треба да дискутираме дали ни е потребна дигиталната трансформација, туку како и кога ќе ја спроведеме. Македонски Телеком е посветен парнер за дигитализација и освен дигиталните алатки и сертификати нуди и сигурност и одржливост на подолг рок, како и највисоки системи на заштита. Посветени сме да бидеме двигател и поттик за целосна дигитализација на бизнисите, а со тоа и развој на целата економија – изјави Гоце Митевски, главен комерцијален директор за деловни корисници.

Генерален заклучок од истражувањето е дека компаниите во земјава, посебно малите со еден до девет вработени, ги согледале придобивките на дигиталниот маркетинг и дигиталната комуникација, а се забележува и статистички значаен пораст на релевантните алатки: веб комуникација,  дигитална продажба на производи/ услуги (е-трговија), спонзорирани реклами и други форми на дигитален маркетинг, софтвер за контрола и оптимизација на процеси, CRM/ ERP.

Од Македонски Телеком нагласуават дека и покрај позитивниот тренд на дигитална трансформација на компаниите, сè уште сме на почетокот и се очекува сè повеќе мали и средни компании да користат дигитални алатки во наредниот период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО