23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Се омажи Кортни Кардашијан!

НАЈЧИТАНО

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер се венчале во понеделникот во Лас Вегас.

На доделувањето на Греми наградите Кортни Кардашијан и нејзиниот свршеник Тревис Баркер не можеа да се воздржат од страсни допири и размена на жешки бакнежи. Поради тоа многумина ги критикуваа, но сега пристигнува веста дека парот се венчал непосредно по свечената церемонија, па не можеле да ја сокријат радоста. Ова е трет брак на музичарот, додека најстарата Кардашијан за првпат се заколна на вечна верност.

Според странските медиуми, парот се венчал во строга тајност, само неколку часа по доделувањето на Греми наградите.

Во прашање била приватна венчавка која се одржала во раните утрински часови.

Парот на никаков начин не им дозволил на неколкуте гости да ја фотографираат венчавката, туку го повеле само нивниот приватен фотограф кој засекогаш го овековечил најубавиот ден во нивниот живот.

Двојката се сврши во септември 2021 година, а на романтичното запросување присуствуваа Клои, Кајли и Кендал Џенер, Крис Џенер, Тристан Томпсон, но и децата на Тревис од претходниот брак – Ландон, Алабама и Атијана.

Кортни и Скот Дисик имаат три деца, но никогаш не стапија во брак. Иако раскинаа во 2015 година, тој истакна дека засекогаш ќе ја чека, но Тревис го престигна.

ФОТО: Јутјуб

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО