5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Се крчка закон за преговори за членство во ЕУ?

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања истакна дека тој и Владата се подготвени да се разговара и да се донесе закон за преговори за членство во ЕУ.

– И сега треба да ја искористиме таа можност и за уставните амандамни и за дискусијата околу уставните амандмани да не ја пропуштиме можноста сите да учествуваат во нив затоа што има механизми. Ние сме подготвени дури и да разговараме и за закон за преговори за членство во ЕУ во којшто ќе ги решиме сите прашања, па дури и зајакнатата улога на Собранието доколку се покаже како тешко или неизводливо да се промени собранискиот Деловник, што знаеме дека е предизвик повеќе години свесни сме сите. Така што, подготвеност и политичка волја има, дајте да го направиме во интерес на граѓаните да одиме побрзо – рече вицепремиерот одговарајќи на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пред нас, кажа Маричиќ, имаме задача да донесеме стратешка одлука со која ќе го одредиме правецот на државата во следните 10 години и ќе ја направиме стабилна европската перспектива на Македонија.

– Од сите вас, почитувани пратеници и претставници на граѓанското општество, зависи дали 2023 година ќе биде година за паметење во нашата јасна и сигурна европска перспектива или година во која што ќе доживееме уште една блокада, нова блокада овој пат предизвикана од нас дома – истакна Маричиќ кој реферираше за скринингот пред собраниската Комисија за европски прашања. 

– Јас сум сигурен дека нашата држава и нашето општество ќе најдат доволно сила за да ја донесеме вистинската одлука и 2023 да биде година која што ќе биде клучна одредница која што ќе го забрза нашиот пат за да стигнеме до нашата цел а тоа е 2030 година да ја дочекаме како држава членка на Европската Унија – рече Маричиќ. 

Според него, 2023 треба и мора да ја сметаме да биде година на успешно завршен скрининг процес, година на важни реформи и придвижувања напред, но исто така и година на обединување и политички консензус за напредок во преговорите и отворање на поглавјата со комплетирање со неопходните уставни измени утврдени во преговарачката рамка. 

Вицепремиерот кажа дека минатата година успеавме да ја започнеме најважната фаза – почетокот на преговорите која што треба да заврши со полноправно членство со нашија визија и план тоа да се случи до 2030 година. Скринингот е веќе во напредна фаза, започна во средината на септември минатата година и се одвива онака како што е предвидено заедно со Европската комисија.

– Успешно го заокруживме скринингот за Кластер 1 – фундаментални вредности, билатералниот скрининг, објаснувачки, комплетиравме веќе целосно за три кластери, а во моментов од денес натаму во Брисел нашиот преговарачки тим го презентира постигнатото, имплементираното во Поглавјето 3 – право на основање и слобода на давање услуги. Практично со денешниот скрининг за ова поглавје се започнува скринингот за Кластерот 2 – внатрешен пазар. До крајот на оваа недела ќе завршиме со Поглавјата 6 и 7 – право на трговски друштва и право на интелектуална сопственост – информира Маричиќ.   

Изрази задоволство што успешно се подготвивме за презентирање и за области кои по првпат се дел од преговарачкиот процес, како на пример, функционални демократски институции, реформа на јавната администрација и економските критериуми.  

– Скринингот е неодминлив дел од преговорите и тој треба да го гледаме не само како формалност, туку и како можност. Тоа го повторуваме повеќе пати, да ги извлечеме сите наши слабости и поуки на површина како држава и како општество притоа од тој скрининг и од тоа презентирање и комуникација со Европската комисија да си дадеме заеднички насока како правилно да ја исцртаме реформската траекторија која треба да ја изодиме до членството во ЕУ – рече Маричиќ.  

Според вицепремиерот, потребен е јасен план и искрена политичка волја од сите политички фактори, бидејќи овој процес го надминува мандатот на која било влада. Маричиќ посочи дека  поттик за забрзување на процесот треба да ни бидат позитивните реакции на ЕК и нивните коментари за нашата мотивација, подготовка и настап во Брисел.  

– Официјалната оценка и клучните укажувања ги очекуваме во скрининг извештаите и истите ќе бидат добра основа за подготовка на следните реформски активности и навремена подготовка на работните преговарачки групи коишто ќе се водат од клучните патокази коишто ќе ги спомнам за кратко време – рече тој. 

Маричиќ рече дека ќе побара во следните три до четири месеци да бидат доставени скрининг извештаите за Кластерот 1, што ќе биде добар водич за подготовка на другите документи и за комплетирање на сите задачи при отворање на преговорите за Кластерот 1.  

Според него, потребно е да се фокусираме и на подготовката на реформски план за оваа година кој ќе ни обезбеди поголема реализација на клучните реформски приоритети во текот на годината се до наредниот извештај на ЕК.  Во меѓувреме треба да почнеме и со изработка на клучните документи што ќе бидат главна одредница особено во првиот кластер, на показите за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и за функционирање на демократските институции.  

– Паралелно на ова ќе треба да работиме и на акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискриминација, борба против говорот на омраза и правото на образование. Ова се теми во рамки на патоказот за владеење на правото низ кои поминаа и поминуваат сите држави коишто преговараат во една или друга форма – рече Маричиќ.  

Владата, како што потенцира вицепремиерот, е надлежна и одговорна за преговорите со ЕУ, но тоа никако не значи дека процесот ќе го води само Владата.

– На самиот почеток покажуваме отвореност и повикуваме на отвореност на сите политички фактори, но и сите општествени актери. Од самиот почеток покажавме и политичка волја за соработка со сите општествени фактори. Оваа тешка и сложена задача бара вклученост на целото општество и затоа постојано ги повикуваме и денес ја користам оваа прилика да ги повикаме сите институции, граѓанското општество, бизнис заедницата, академската заедница, медиумите сите да дадат свој придонес за брзо и ефикасно да го заокружиме овој најголем и најсериозен проект на нашата современа држава, а тоа е членството на Северна Македонија во ЕУ – рече Маричиќ. 

Вицепремиерот посочи на улогата на граѓанските организации во процесот на преговори, потенцирајќи дека во тек е изработка на можните модалитети кои ги користат за консултација на граѓанските организации, но и за нивно учество во процесот на преговори.

– Предлог моделите набргу ќе ги презентираме во текот на месецот февруари и ќе се консултираме со граѓанските организации околу начинот на кој ќе одлучат да го дадат својот придонес и околу тоа кој модел е најприфатлив – рече Маричиќ. 

Јавниот повик на СЕП на кој заклучно со 10 јануари оваа година во базата на СЕП се регистрирани околу 180 граѓански организации кои сакаат да учествуваат и да помогнат во текот на процесот на преговори. Тоа, според вицепремиерот, претставува јасен сигнал дека ќе имаме квалитетен и интензивен процес на преговори кој ќе го водиме низ дијалогот и блиската соработка со будното око на граѓанското општество.  

– Секако дека е неопходна и поголема синергија за да се забрзаат процесите до степен до кој тоа го очекуваат граѓаните. Затоа ќе биде неопходно и да ја дефинираме и соработката на Владата во овој процес и со Комисијата за европски прашања и со Националниот совет за европски интеграции и заедно со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанските организации кој искрено се надевам дека ќе заживее многу скоро ќе дадат значаен придонес во спроведувањето на реформите и во напредокот кон членството во ЕУ – посочи Маричиќ. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Грција ја потврди смртта на воениот пилот чиј авион се урнал во морето

Грција ја потврди смртта на триесет и едногодишниот пилот Ефстатиос Цитлакидис, чиј борбен авион Ф-4 Фантом во понеделникот се урна во Јонското Море. Телото на...

Во Холандија е потврдено кравјото лудило

Холандските власти потврдија дека кравата што умрела на фарма во таа земја имала таканаречена кравјо луда, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да...

Штрајк на половина милион вработени во Британија – училиштата затворени, возовите, авионите доцнат

Десетици илјади училишта во Велика Британија делумно или целосно ја прекинаа наставата, прекинат е и железничкиот сообраќај, а се очекуваат доцнење на авионите бидејќи...
spot_img
spot_img
spot_img