More

    Се испитува сведоштвото на ученичката од „Луј“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Кога училиштето станува небезбедна средина во која децата се подложени на малтретирање, омаловажувања и притисоци, тоа не значи само кршење на Конвенцијата за правата на детето, туку остава долгорочни последици врз нивното здравје и понатамошниот животен развој, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци на РСМ во заедничка реакција откако медиуми објавија сведоштво на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“.

    Во соопштението тие наведуваат дека ова го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошки, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците и дека досегашната пракса покажала оти институциите несоодветно или воопшто не постапуваат по пријави за деградирачко, дискриминаторно и несовесно однесување на наставници кон ученици.

    – Ние од Хелсиншкиот комитет за човекови права и младинските организации – Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци имаме заедничка намера да не дозволиме и овој случај да се заборави откако ќе згасне медиумскиот интерес, туку кон прашањето да се пристапи системски. Ги охрабруваме сите ученици да пријават вакви искуства и заедно да извршиме притисок за институционално справување со овој проблем. Поради бројните проблеми со кои со соочува образовниот систем, кадарот кој ги крши основните педагошки начела и закони во својата работа несомнено придонесува за очигледната дисфункционалност на образованието, слабите резултати и трауми кај учениците. Училиштата мора да бидат безбедна средина за нивните ученици – истакнуваат во заедничкото соопштение.

    Хелсиншкиот комитет информира дека веќе постапува по пријавите кои пристигнаа веднаш по објавата за музичкото училиште.

    – По добиени сознанија дека професорите вршат притисоци  за повлекување на сведоштвата по излегувањето на приказната во јавност, ги охрабруваме учениците да ги пријават и ваквите случувања. НМСМ, МОФ или ССРСМ ќе им помогнат на учениците да стапат во контакт со тимот за бесплатна правна помош на Хелсиншкиот комитет. Доколку сте имале слично искуство, обратете се на правниот тим во канцеларијата на улица Наум Наумовски Борче 83 во Скопје или на helkom@mhc.org.mk, +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436 – се наведува во соопштението.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Погледнете што имаат да кажат научниците за комбинирање на кафе со малку млеко

    Не е тајна дека кафето е мал, секојдневен луксуз за повеќето луѓе во светот. Кафето е совршен изговор за дружење со пријателите, го подобрува...

    Истражување: Вашата крвна група може да влијае на ризикот од ран мозочен удар

    Луѓето со крвна група А имаат поголема веројатност да доживеат мозочен удар пред 60-годишна возраст во споредба со луѓето со други крвни групи, покажуваат...

    Почина Ќиро Блажевиќ

    Легендарниот хрватски селектор Мирослав Чиро Блажевиќ почина во Загреб на 88-годишна возраст по долго и тешко боледување.Блажевиќ почина откако долго се бореше со малигна...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img