2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Се забранува извозот на руско оружје и воена опрема

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Руската Влада до крајот на 2023 година воведе забрана за извоз на воена опрема, оружје и летала, вклучително и на хеликоптери Ми-2, Ми-8, Ми-17 и Ми-26, за 40-тина земји, меѓу кои е и за Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во одлуката објавена на официјалниот портал за правни информации на руската Влада, се наведува дека од Русија не смеат да се извезуваат ракетни-носачи, гориво за нив и компоненти на гориво, беспилотни летала кои можат да летаат повеќе од половина час, теренски камиони со најмалку три оски и мотор со волумен од најмалку 10 литри и теренски оклопни возила тешки повеќе од пет тони.

Според белградски „Вечерње Новости”, покрај за наведените хеликоптери, забраната се однесува и на разни патрони и експлозиви, уреди за ноќно гледање, микроелектроника, оптички нишани, термовизори, далечинометри, електровакуумски уреди за воена радио опрема, средства за заштита од огнено оружје и шрапнели, како и оклопни елементи за нив.

На списокот на земји во кои не смеат да се извезуваат споменатите производи покрај Северна Македонија, се и членките на Европската унија и НАТО, како и Австралија, Андора, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, Тајван, Украина, Швајцарија и Јапонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Путин никогаш не му се заканил со проектил

Кремљ го нарече Борис Џонсон лажго и ги негираше тврдењата на поранешниот британски премиер дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканил дека ќе...

Приватниците си ги бараат парите, ако нема средби излегуваат на улица

Приватните превозници кои утрово протестираа пред зградата на ЈСП Скопје, доколку во следниот период не остварат средба и не се договорат за начинот на...

Нашла туѓа лична карта и си побарала брз кредит?

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...
spot_img
spot_img
spot_img