5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Се враќаат озлогласените продавници од СССР? И тоа само за дипломати!

НАЈЧИТАНО

Русија планира да отвори бесцарински продавници за дипломатите да продаваат стоки увезени од Запад за девизи.

Станува збор за продавници кои многу Руси ќе ги потсетуваат на озлогласените продавници од советската ера до кои пристап имаа само странците и привилегираните класи на општеството, пишува Гардијан.

Продавниците ќе се отворат најрано на почетокот на есента, а во нив ќе може да се најде стока која, поради санкциите, тешко се доаѓа во обичните продавници, бидејќи цела палета на западни брендови ја напуштија Русија поради војна во Украина.

Потенцијалните купувачи ќе треба да приложат официјален документ во продавницата со кој се докажува дека се странски дипломати, вработени во меѓународни организации или членови на нивните семејства. Плаќањето ќе се врши во долари и евра.

– Тоа е како во СССР – коментира Сергеј Смирнов, главен уредник на рускиот независен медиум Медијазон.

Западните брендови станаа многу барана стока во Русија бидејќи се потешко може да се најдат во продавниците. Купувачите неодамна се собраа во продавниците во сопственост на големи брендови како „H&M“, бидејќи шведскиот моден ланец повторно ги отвори вратите за конечна продажба на акции пред целосно да ја напушти земјата.

Бесцаринските продавници ќе бидат во сопственост на фирма основана од Министерството за надворешни работи на Русија и уште едно правно лице кое ќе биде избрано на тендер.

Во продавниците ќе може да се купуваат алкохол, тутунски производи, накит, козметика, парфеми и слатки, како и паметни телефони и часовници, пренесува Медиазона.

Сè уште не е познато дали електронската стока ќе вклучува и производи како што се „iPhone“, кои веќе не можат директно да се увезуваат во Русија.

Министерството за надворешни работи размислува за отворање бесцаринска трговија за дипломатите од 2015 година, откако Русија забрани увоз на многу прехранбени производи од Европа како дел од пакетот контрасанкции по анексијата на Крим, јавуваат руските медиуми.

Во писмото од 2014 година до кое дојде рускиот портал Газета.ру, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека продавниците ќе помогнат да се намалат „финансиските загуби“ поврзани со испораката на стоки до странските дипломатски претставништва во Русија, објави Радио Слободна Европа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО