2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Се венчаа српската актерка Нина Сеничар и ѕвездата на „Топ Ган“, Џеј Елис

НАЈЧИТАНО

Нина Сеничар (36), српска актерка и водителка, на 9 јули се омажи за своето долгогодишно момче Џеј Елис (40), американски актер кој глуми во хит филмот „Топ Ган: Маверик“.

Среќната вест дека му го кажала судбоносното „да“ на партнерот ја објавила со фотографија од венчавката која ја објави и угледниот магазин „Вог“.

За својот најважен ден, Сеничар избрала едноставна бела венчаница „Долче и Габана“ со висок шлиц кој ги откривал нејзините нозе, а комбинацијата ја комплетирала со бели високи потпетици со врвка.

Нејзиниот партнер се одлучил за бела кошула и црвен костум.

Парот мораше неколкупати да ги одложува своите планови поради пандемијата и напорниот распоред на снимање, но конечно се венчаа во вила во Тоскана опкружена со лозја и маслинови градини, напишаа уредниците на „Вог“.

– Отсекогаш сакавме да се венчаме во Италија бидејќи одењето во таа земја беше нашето прво заедничко патување – објасни Нина.

Сеничар и Елис се во врска од 2015 година, а во ноември 2019 година ја добија ќерката Нора Грејс.

Елис го глуми поручникот Рубен „Пејбек“ Фич во „Топ Ган: Маверик“, додека последната забележителна улога на Сеничар во Холивуд беше во „Папилон“.

Да потсетиме, српските медиуми своевремено тврдеа дека Нина Сеничар била во врска со Новак Ѓоковиќ, пред да ја запознае сопругата Јелена.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО