2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Се бара човек кој ќе пие вино, платата е 240 евра

НАЈЧИТАНО

Дали виното е повкусно кога го пиете од убава чаша на тераса во хотел со прекрасен поглед или сте дома, со филџан и пред телевизорот? Британскиот синџир продавници за вино „Маџестик“ (Majestic) со намера да го дознае токму тоа, е во потрага по човек кому ќе му плати 240 евра за да биде дел од ова уникатно истражување.

Избраниот „практикант“ прво ќе оди на Пиринејскиот Полуостров на три дена, со платени летови и сместување. Тој / таа ќе добие кутија вина произведени во Шпанија и Португалија. По тоа патување, ќе го добие истото вино за да го проба дома, па да види дали може да вкуси и искуси некаква разлика.

„Не е потребно претходно искуство, само отворен ум, љубов кон убавото шише и пасош“, велат од „Маџестик“.

Заинтересираните ќе треба да пополнат апликација на страницата на споменатата продавница за вино, којашто е отворена само за жителите на Велика Британија. Како што се наведува, пријавувањето трае до 19 август, а среќникот ќе го почне своето патешествие во септември.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО