Се бара решителна реакција од македонските власти

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Амбасадоката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи во Софија каде што ќе ѝ биде врачена протестна нота како реакција од официјална Софија на нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, соопшти бугарското МНР.
Бугарското МНР ќе побара од властите во Македонија да преземат итни и ефикасни мерки за борба против злосторствата од омраза врз Бугарите, а министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков во телефонскиот разговор со Бујар Османи добил уверување дека ќе ја добијат потребната помош од локалните власти.
Привремениот раководител на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската амбасада во Скопје се во контакт со повредениот државјанин и се испратени во Охрид, се наведува во соопштението.
„Бугарската држава со месеци упорно го потенцираше своето очекување властите во Северна Македонија да преземат итни и ефективни мерки против сериозната ескалација на злосторствата од омраза и манифестации против Бугарите во земјата. Бугарската страна сè уште нема добиено официјални информации за истрагата и спроведувањето на правдата во врска со последните напади, вклучително и пукање со огнено оружје, врз организацијата „Цар Борис III“ од крајот на 2022 година. За жал, нападот од 19 јануари 2023 година е пример за тешките последици од системското отсуство на адекватен одговор и посветеност од страна на Северна Македонија, вклучително и неможноста да ја исполни својата главна обврска – да ја гарантира безбедноста на сопствените граѓани“ – велат од бугарското МНР.
Бугарија очекува надлежните органи во Северна Македонија да преземат итни активности за откривање, изведување пред лицето на правдата и казнување на сторителите на кривичното дело, имајќи ја предвид сериозноста на делото.
„Очекуваме земјата која ја декларира својата желба да биде дел од Унијата, заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци на токму спротивните трендови во општеството на Северна Македонија. Постоењето на проблеми со правата на Бугарите во Северна Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно, тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија“, се вели во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img