18.1 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Сестрите Хадид разочараа со модните изданија

НАЈЧИТАНО

На овогодишниот настан Мет Гала како и секогаш присуствувале најпопуларните личности од областа на модата, музиката и забавата.

Очекувано, меѓу овогодишните учеснички биле и сестрите Хадид – Џиџи и Бела.

Познатите сестри Хадид шокирале со нивните модни парчиња кои ги избрале за оваа прилика.

За нивното модно издание пишуваат сите светски медиуми, а дали овојпат ја направиле најголемата модна грешка проценете сами.

Џиџи Хадид се појавила во необична, огромна наметка – палто која повеќе личела на јорган отколку на облека која е достојна за ваков настан.

 

Под неа носела црвен кожен корсет и тесни панталони кои ги искомбинирала со чизми до колена.

Ова е седми пат Џиџи да прошета на црвениот тепих на Мет Гала.

Нејзината сестра Бела Хадид, исто така, се определила за стајлинг од кожа. Бела за големиот настан избрала да носи тесен, црн кожен корсет на модната куќа „Барбери“.

Својот корсет таа го искомбинирала со здолниште со висок изрез со што се гледале хулахопките од тантела. Бела на Мет Гала првпат се појави во 2015 година.

Тема на Мет Гала беше Антологија на модата. Како и секоја година најголемиот моден настан се одржува во првиот понеделник во мај.

 

 

ФОТО: Инстаграм

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО