1.4 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Сериозно жигосување од лидерот на ДУИ Али Ахмети

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од говорница во Гостивар ги жигоса телевизиите Телма и Алфа како „непријатели на Албанците“ што e сериозно попречување на слободата на медиумите и говор на омраза, за што треба да следува официјална реакција од надлежните институции и организации.

Говорејќи за жестокиот судир внатре во редовите на ДУИ, каде група партиски функционери предводени од поранешниот градоначалник на Чаир Изет Меџити, остро се спротиставува на неговите најблиски соработници, пред сè на вицепремиерот Артан Груби и шефот на дипломатијата Бујар Османи, Ахмети повика на единство и смирување на страстите.

– Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“, Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо – рече Ахмети.

Вакви посочувања со прст кон конкретни медиуми не е првпат да се изрекуваат од политичари на високи позиции и тие секогаш имале сериозни последици и предизвикувале поделби во општеството. Поранешниот премиер Никола Груевски од партиски митинг во центарот на Скопје отворено повика да не ѝ се верува на тогашната ТВ А1 и на другите критички настроени медиуми. Членовите и поддржувачите на оваа партија потоа јавно ја нарекуваа А1 „торбешка телевизија“, а критички настроените медиуми и новинари ги жигосуваа како „соросоидни“. Потоа Груевски со помош на државните институции лансираше хајка против таа телевизија, што резултираше со нејзино згаснување.

Непријатели меѓу медиумите прогласуваше и неговиот наследник на премиерската функција Зоран Заев. Во една негова изјава Заев рече дека „за СДСМ поголем политички непријател се Сител, Канал 5, Алфа, МРТВ, отколку ВМРО-ДПМНЕ“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...

Ковачевски упати честитки за празникот Свети Сава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва имаше обраќање на свечената академија, која се одржа по повод одбележувањето на Св. Сава...

Зборовите на европратеник одекнаа во медиумите

Според сознанијата на Н1, европарламентарците им кажале на своите колеги во српскиот парламент што може да се случи доколку Србија не биде конструктивна во...
spot_img
spot_img
spot_img