4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

„Семејството сакаше последното испраќање да биде во кругот на фамилијата“

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Македонскиот народен театар излезе со своја реакција во врска со гласините кои се појавија во врска со смртта на актерката Катерина Крстева, позната како Мара Попара, а кои беа поттикнати од изјавите на актерката Стојна Костовска која сега е во пензија. Објавата на оваа реакција е и желба на семејството на Крстева.

Меѓу гласините беше и онаа дека на погребот речиси да не дошол никој од театарот и дека грижата за Крстева во последниот месец паднала на Стојна Костовска наместо на блиското семејство.

Од театарот велат дека цело време биле во контакт со здравствените работници за состојбата на актерката, дека веднаш стапиле во контакт со семејството, а дека желба на семејството било таа да биде погребана во кругот на најблиските.

Се наведува и дека семејството претходно не ја познавало Стојна Костовска, на која наводно паднал товарот за грижата.

МНТ ќе изврши комеморација за Крстева утре во 12 часот. Еве што велат тие во својата реакција:

„Во врска со невистинитите наводи и реакции кои се јавија последниве денови за починатата актерка Катерина Крстева, а се поттикнати од пензионираната актерка Стојна Костовска, Македонски народен театар го дадава ова известување со цел заштита на угледот на театарот, но и како желба на семејството.

„Благодарение на актерката Весна Петрушевска, Македонскиот народен театар беше информиран за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева. Матичната куќа веднаш стапи во контакт со семејството и ги презема сите чекори во однос на подобрување на нејзината состојба во здравствените институции, со постојан контакт со здравствените работници и во координација со семејството. За целиот овој период Кате беше опкружена со грижа од нејзината сестра г-ѓа Јелиќ и најблиски роднини.

За жал, нашата Кате не ја доби битката за живот.

Желба на семејството беше последното испраќање да биде во кругот на семејството.  Во јавноста беше изнесено дека Стојна Костовска била во постојан контакт со Катерина Крстева во последниот период. Семејството тврди дека првиот контакт и запознавање со Костовска се случил на погребот.

Македонскиот народен театар во договор со г-ѓа Јелиќ – сестрата на Катерина Крстева, ја организира отворената комеморација која ќе се случи на 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во МНТ.

Овие изминати три дена, за жал ниту еден медиум не се јави во МНТ да ја слушне и другата страна, со што ја објавуваме реакцијата во координација и одобрување на г-ѓа Јелиќ.

Матичната куќа и семејството на починатата актерка Катерина Крстева ја замолува јавноста да не изнесува понатамошни невистини и да ја оставиме нашата Кате да почива во мир“.

А, еве што претходно изјави актерката Стојна Костовска во медиумите:

– Денес на погреб видов дека немаше ниеден колега. Многу мразам лицемерни луѓе и затоа сакам да порачам на МНТ да не прават драма, да не организираат никаква комеморација, бидејќи матичната куќа не ѝ се најде тогаш кога најмногу ѝ требаше. Мене Кате ми рече – „Ако починам немој случајно да ме зборнат во театар, никако. Јас само еднаш побарав помош и не ми се најдоа. Мене во театар никој не ме познава, како воопшто да не сум била дел од таа куќа“. А не е Кате единствената која е разочарана од односот на театарот кон своите легенди. Кате ја погреба сестра ѝ од Белград со семејството. А од МНТ? Од МНТ дојде само едно момче, кое донесе една мизерна икебана. Момчето што дојде го прашав во кое својство е. Ми рече дека е асистен на декоратер?! Замисли, и таква професија имало. Но, што е виновно детето. И тоа во земја пропадна од срам, дојде со велосипед?! А знаеш ли што сѐ има МНТ? Срамота, вели тажно Костовска, па ја спомена и смртта на Љупчо Петрушевски, кој скоро 20 години беше директор на оваа национална театарска куќа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД СО ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“

По повод месецот на ретки болести, претседателот на советот на Општина Охрид Сашо Донев и советниците на Советот на Општина Охрид се вклучија во...

ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ВО СПОРТОТ ПО ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска ги донесе решенијата за доделување на финасиски средства во областа на спортот, по претходно распишаните јавни повици: РЕШЕНИЕ...

Елитната нуклеарна подморница ја „крпеле“ со секундарен лепак!

На британска нуклеарна подморница, која се ремонтира веќе седум години, пронајдени се завртки закачени со суперлепак. Тоа откритие сериозно го „збеснa“ шефот на британското Министерство...
spot_img
spot_img
spot_img