16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Селена Гомез покажа како реално изгледа нејзиниот стомак во костим за капење

НАЈЧИТАНО

Познатата актерка и пејачка Селена Гомез отсекогаш отворено зборувала за важноста на позитивниот однос кон своето тело, а сега тоа го преточила и на дело. Нејзината последна објава на ТикТок е посветена на нејзиниот стомак, односно на пораката дека треба да се прифатите и сакате такви какви што сте, без стремење кон „совршена убавина“.

 


„Вистинските стомачни мускули се враќаат“, порачала Селена.

Снимката настанала додека Селена лежела на сонце во костим за капење кој ја истакнувал нејзината фигура. Косата ја собрала во неуредна пунџа, а доза на гламур на инаку опуштениот стајлинг додале нејзините големи златни обетки.

Селена притоа го покажала и своето природно лице без шминка и пред камерата се појави со целосно чисто лице.

„Вовлечи го! Нема да го вовлекувам. Вистинските стомачни мускули се враќаат, во ред?”, порачала таа.

 

На почетокот на оваа година, Селена уживаше во оброк за брза храна и даде до знаење дека не и е грижа што ќе кажат за тоа оние кои ги посрамотуваат жените поради нивниот изглед.

„Совршена сум таква каква што сум“, порачала тогаш славната актерка и пејачка.

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО