5.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Седум пациенти починале од ковид-19 во Македонија за една недела

НАЈЧИТАНО

Седум пациенти починале од ковид-19 во Македонија за една недела, покажува последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кој се однесува на периодот од 14 до 20 ноември. Од починатите лица три се од Скопје, а по едно во Крушево, Ресен, Дебар и Македонска Каменица.

Според извештајот на ИЈЗ потврдени се 179 нови случаи на болеста од 2.829 тестирања. Во моментов активни се 170 случаи на ковид-19, од кои најголемиот број – 120 се во Скопје.

Министерството за здравство престана да испраќа до медиумите дневни билтени со заразени, починати и активни случаи, а ИЈЗ продолжи на својата веб-страница да објавува неделни извештаи.

Од почетокот на епидемијата со ковид-19 во Македонија починале 9.588 лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО