18.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Седум британски градови се избрани да учествуваат во натпреварот за домаќин на следниот избор за Песна на Евровизија, кој Велика Британија го организира во име на Украина

НАЈЧИТАНО

Седум британски градови се избрани да учествуваат во натпреварот за домаќин на следниот избор за Песна на Евровизија, кој Велика Британија го организира во име на Украина, објави денеска „Би-би-си“.

Од 20 градови кои изразиле интерес да бидат домаќини на познатиот натпревар, прифатени се пријавите на Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд. Градовите како Лондон и Белфаст (Северна Ирска) се исклучени.

Одлуката ќе се донесе наесен.

Евровизија последен пат во Велика Британија се одржа во 1998 година во Бирмингем. Земјата беше осум пати домаќин на натпреварот за најдобра европска песна кој секоја година го следат десетици милиони гледачи.

По симболичната победа во Торино во мај, Украина најпрвин остро ја оспоруваше одлуката на организаторот поради безбедносни причини да ѝ се одземе домаќинството за 67. натпревар Евровизија.

„Калуш оркестра“, главниот фаворит пред натпреварот, победи со песната „Stefania“ која е мешавина на хип-хоп и традиционална музика, симболизирајќи го украинскиот отпор на руската агресија.

Британецот Сем Рајдер со песната „Space Man“ го освои второто место, неочекувано за Британците кои во последните години беа рангирани на дното, а во 2021 година доживеаја невиден дебакл кога не освоија ниту еден поен.

ФОТО: Твитер

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО