21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Северна Кореја пријавила појава на неидентификувана цревна болест, Ким Јонг-Ун наредил да се спроведат строги карантински мерки

НАЈЧИТАНО

Северна Кореја пријавила појава на неидентификувана цревна болест, која ја забавува борбата против ковид-19 во таа земја. Лидерот Ким Јонг-Ун наредил да се спроведат строги карантински мерки, пренесуваат светските медиуми, цитирајќи го соопштението на севернокорејската државна агенција КЦНА.

Во соопштението е наведено дека Ким испратил лек во градот Хеј во средата за да им помогне на пациентите кои страдаат од акутната ентерична епидемија, а здравствените експерти шпекулираат дека може да се работи за колера или тифус. Северна Кореја официјално не го пријави бројот на заболени од епидемијата на болеста, ниту пак кажа за каква болест се работи. Единствено познато е дека болеста е поврзана со гастроинтестиналниот тракт.

Во мај годинава, Северна Кореја прогласи вонредна состојба откако властите објавија дека еден милион луѓе се заразиле со треска за која се верува дека се случаила од коронавирус. До крајот на април, ширум земјата се пријавени 4,56 милиони случаи на заболени од грозница.

Владата вели дека бројот на смртни случаи поврзани со епидемијата е 73, но Светската здравствена организација и другите експерти стравуваат дека ситуацијата е всушност многу полоша.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО