18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Северина призна дека била во полиција

НАЈЧИТАНО

Центарот за социјална работа во Максимир, Хрватска, кон средината на април поднел пријава против пејачката Северина Вучковиќ поради нарушување на јавниот ред и мир.

Според пријавата, Северина ја навредувала и омаловажувала службеничката во Центарот за социјална работа, а пејачката сега првпат јавно проговорила за тоа, признавајќи дека по тој повод била во полиција на разговор.

„Единствено што е точно е дека бев во полиција, затоа што наводно сум навредила службено лице. Сè уште нема пријава, колку што знам, а претпоставувам дека би знаела. Бев во Јавното обвинителство бидејќи бев пријавена од поранешната управителка на таа Поликлиника и сегашна директорка на училиштето во кое ќе се запишуваат деца без приемен. Јас секогаш одам уредно, разговарам со органите на редот, тие ми се заблагодаруваат, јас ним им се заблагодарувам, ми велат дека сум доста опширна во своите изјави и тоа е тоа“, изјавила Северина.

Да потсетиме, загрепската полиција излезе со соопштение во кое објасни што се случило.

„Ве информираме дека полициските службеници на Полициската управа на Загреб ја завршија кривичната истрага против 50-годишната жена поради сомнение дека сторила прекршок опишан во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на штета на вработена во Центарот за социјална работа во Загреб, па обвинителниот предлог ќе биде поднесен до Општинскиот суд за прекршоци во Загреб по редовен пат“, информираат за медиумите од загрепската Полициска управа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО