16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

„Северен тек“ остана без уште една турбина, Гаспром испорачува само 20 отсто од гасот

НАЈЧИТАНО

Од среда, 27 јули, Гаспром го намали снабдувањето со гас на „Северен тек“ на 20 отсто од вкупниот капацитет на гасоводот поради исклучување на друга турбина. Како резултат на оваа вест, цената на гасот во Европа продолжи да расте и сега изнесува повеќе од 2.350 долари за 1.000 кубни метри. Најголемиот германски увозник на гас „Џунипер“ потврди дека добил само петтина од договорените количини од руската државна компанија Газпром, поради што најави тужба.

Гаспром најави дека испораките на гас нема да надминат 33 милиони кубни метри дневно. На 25 јули компанијата објави дека ќе ја прекине работата на уште една турбина на Сименс на компресорската станица во Портова, што значи дека само една турбина останува во работна состојба.

„Северен тек“ е главната рута за испорака на руски гас во Европа. Гасоводот продолжи со работа на 21 јули, по планираното техничко сервисирање. Испораката на гас потоа продолжи на ниво од 40 проценти од вкупниот капацитет на гасоводот.

„Газпром“ го објасни новиот лимит со доцнењето на враќањето на гасните турбини што се користеа за пумпање гас, а кои се ремонтираа во Канада.

Испораката на турбината најпрвин беше спречена поради санкциите што Канада ги воведе кон Русија, но потоа, на инсистирање на Берлин, проблемот беше правно решен, така што турбината сега е во Германија и треба да биде испорачана на Русија, односно на Газпром.

Во Европа сметаат дека проблемите со турбините не можат да бидат вистинска причина за падот на протокот на гас, додека руската страна објаснува дека намалувањето на испораките на гас за „Северен тек“ било предизвикано исклучиво од санкциите, кои предизвикале проблеми со ремонт на турбините.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО