2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ лаже

НАЈЧИТАНО

Димитар Ковачевски не е дел дел од сопственичката структура, ниту пак  е сопственик на „Пиксел груп“ ДОО Скопје, тврди Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање за аферата „Броило“.

– Уште на ден 28.09.2020 година Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa.  Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот – вели таа.

Марковски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ е очајна и го напаѓа Ковачевски затоа што е, како што рече, чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии.
– Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови – истакна пратеничката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО