14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Свештеникот проневерил 500.000 евра, дури потрошил 150.000 евра на порно сајтови

НАЈЧИТАНО

Католичкиот свештеник обвинет за проневера на вкупно 500.000 евра донации потрошил 150.000 евра на порнографски сајтови, објавија малтешките медиуми.

Обвинителите успеаја да откријат шестцифрени суми платени на компании поврзани со секс страници во живо, пишува Тајмс оф Малта. Исплатите траеја неколку години.

Свештеникот Лук Сегуна им рекол на полициските истражители дека тоа го направил затоа што бил во „сексуална криза“, пишува весникот.

Сегуна, парохиски свештеник во Марсакслок на југот на Малта, се изјасни за невин, но црковните власти го суспендираа до крајот на постапката.

Пред судот беа изнесени докази дека Сегуна имал неколку стотици илјади евра на неколку лични банкарски сметки, иако неговата годишна плата била само 20.000 евра. Освен пари, поседувал и колекција од пет мотоцикли и два автомобили.

Обвинителите изнесоа и информации дека Сегуна добила чекови за неколку илјади евра од постар парох. Старецот, кој оттогаш починал, боледувал од деменција кога ги напишал чековите, соопштија на судот.

Сегуна се правдаше дека чековите всушност биле поврат на донации кои свештеникот му ги дал на старецот, но обвинителите тврдат дека тие всушност требало да бидат поделени на локални хуманитарни организации.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО