7.6 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

СВЕЧЕНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ“ И „ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА“

НАЈЧИТАНО

На пригодна свеченост, денес, градоначалникот Кирил Пецаков, го потпиша договорот за кофинансирање на проекти во рамки на програмата „ЕУ за Општините“ и „Прекугранична соработка“. Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ кој е  во вредност од 716.766,00 eвра, а партнери на проектот се Општина Воден од Грција и Стелар Солушнс од Скопје.

Договори за соработка  потпишаа 19 општини, од кои 8 општини во  рамки на програмата „ЕУ за Општините“, а 11 општини во рамки на програмата за „Прекугранична соработка“. По завршување на свеченоста се одржа панел дискусија на тема „Општинска дигитализација“ и „Прекугранични предизвици за локалните власти и поглед на ИПА III“.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО