2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Светската банка има алармантни предвидувања

НАЈЧИТАНО

Само Русија, Украина и Белорусија имаат помала стапка на раст на своите економии од Македонија, оваа година.

Извештајот на Светска банка покажува дека македонската економија годинава ќе порасне за само 2,1 отсто што е најниско ниво во Европа.

Светска банка во најновиот есенски Економски извештај за Европа и Централна Азија, предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,1 отсто, додека во наредната растот на домашниот бруто-производ ќе изнесува 2,7 отсто, а во 2024 година 2,9 отсто.

Сепак, Светска банка предупредува на можноста земјата да влезе во зоната на стагфлација, односно на забавен или низок економски раст проследен со високи стапки на инфлација.

За годинава, Светска банка очекува инфлацијата во земјава да биде 12,1 отсто, наредната година 6,1 отсто, а во 2024 година да се спушти на три отсто. Во извештајот се посочува дека додека војната во Украина и енергетската криза ги замаглуваат изгледите за раст, инфлацијата се движи кон највисоко ниво на сите времиња, несразмерно намалувајќи ги реалните приходи на сиромашните.

„Со ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци на финансирање, фискалната поддршка треба да се насочи кон најранливите. Монетарната политиката е заострена за да ги скроти инфлаторните притисоци. Среднорочниот раст се очекува да биде умерен, но ризиците значително се наклонети кон надолната страна. Прогнозата за раст за 2022 година е дополнително намалена на 2,1 отсто поради енергетската и украинската криза која продолжи да зема данок на домашната  економија“, се наедува во делот на извештајот посветен на Северна Македонија.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО