5.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Сателитите забележаа необична активност на границата меѓу Русија и Финска

НАЈЧИТАНО

Граѓаните на Финска кои живеат на границата со Русија уште од почетокот на летото предупредуваат на големи пламени на хоризонтот кои доаѓаат од новата фабрика за ЛНГ во Портовај, северозападно од Санкт Петербург. Портоваја, инаку, се наоѓа во близина на компресорската станица на самиот почеток на гасоводот Северен тек 1 кој го пренесува гасот во Германија.

Цените на енергијата вртоглаво пораснаа, а Русија согорува огромни количини природен гас на границата со Финска, пишува Би-Би-Си.

Експертите посочуваат дека истиот гас претходно се извезувал и во Германија. Фабриката во близина на границата со Финска секојдневно согорува гас вреден дури 10 милиони долари. Но, не е само прашање на цена и гас. Научниците се загрижени дека огромната количина на јаглерод диоксид и саѓи произведени со согорување на гасот дополнително ќе го влоши топењето на мразот на Арктикот.

Анализата на Ристад енерџи, независна консултантска компанија за енергетика, покажува дека секој ден се согоруваат 4,34 милиони кубни метри гас.

Граѓаните на Финска кои живеат на границата со Русија уште од почетокот на летото предупредуваат на големи пламени на хоризонтот кои доаѓаат од новата фабрика за ЛНГ во Портовај, северозападно од Санкт Петербург. Портоваја, инаку, се наоѓа во близина на компресорската станица на самиот почеток на гасоводот Северен тек 1 кој го пренесува гасот во Германија.

Потсетуваме дека снабдувањето преку Северен тек 1 е ограничено од средината на јули, за што Русите ги обвинуваат „техничките проблеми“. Сепак, јасно е дека се работи за политички потег на Кремљ, кој на овој начин ја казнува Европа за воена и економска помош за Украина.

Иако палењето на гас е најнормално нешто во погоните за преработка – обично од технички и безбедносни причини – обемот на ова палење ги запрепасти експертите.

„Никогаш не сум видела фабрика за ЛНГ да се разгорува толку многу“, предупредува Џесика Мекарти, експерт за сателитски податоци на Универзитетот во Мајами во Охајо. „На почетокот на јуни регистриравме огромни пламени јазици кои едноставно не исчезнуваат. Остануваат ненормално високи!“

Аналитичарите се согласуваат дека палењето во никој случај не било случајно и дека одлуката за палење на гасот најверојатно била донесена од оперативни причини.

„Операторите на гас често не сакаат да ги затворат погоните поради страв дека рестартирањето би можело да биде технички тешко или скапо, а тоа веројатно ќе биде случај и сега“, рече Марк Дејвис, извршен директор на Capteria, компанија специјализирана за ефикасно палење гас.

Гаспром, сопственикот на објектот каде што се запали гасот, во меѓувреме, се разбира, не одговори на барањата за коментар за разгорувањето на таквите количини гас, но се претпоставува дека одлуката е донесена во согласност со руските трговско ембарго.

„Можеби некои вентили се скршени и не можат да се заменат, поради трговското ембарго тие не се во можност да произведат висококвалитетни вентили потребни за преработка на нафта и гас“, коментира Еса Вакилаинен, професор по енергетско инженерство на финскиот универзитет ЛУТ.

Во Ристад енерџи размислуваат поинаку: „Ова е потсетување на доминацијата на Русија на европскиот енергетски пазар. Не може да има појасен сигнал – Русија утре може да ги намали цените на енергијата. Во спротивно, тоа е гас што би се извезувал преку Северен тек 1 или некоја алтернатива на него“.

Потсетуваме дека цените на енергетските производи ширум светот експлодираа по укинувањето на мерките за забрана поради Ковид и како што економиите постепено се враќаа во нормала. На економиите наеднаш им требаше повеќе енергија, правејќи невиден притисок врз добавувачите. Сето ова беше проследено со руската инвазија на Украина, која ја втурна Европа во целосен енергетски хаос

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО