5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Сали: Вакцинирани сме само 46 отсто, но короната ја прележале 75 отсто од граѓаните

НАЈЧИТАНО

Официјално сме вакцинирани 46 отсто, но по природен пат имунизирани сме 75 отсто, што значи можеме да се сметаме за имунизирана нација, објасни вечерва во Клик Плус на ТВ 21 министерот за здравство Беким Сали. Тој истакна дека неодамнешната кампања со мобилните екипи била позитивна, но незадоволителна.

– Последна активност за вакцините ни беше мобилните екипи кој што се движеа во 14 локации. До тој момент имавме 1.500 до 2.000 нововакцинирани неделно, односно со таа кампања достигнавне до 3.500 неделно. Сметам дека кампања ја заврши својата работа, имаше позитивен одзив од граѓаните, незадоволителен, меѓутоа позитивен. За жал ние како држава сме снабдени врз основа на нашите проекци за таа бројка од 70 отсто вакцинирани која ни беше цел за заштита на нашите граѓани. Официјално се вакцинирани 46 отсто од населението. Сереолошката анализа која што ја направивме испадна дека нашите граѓани се 75 отсто имунизирани по природен пат со прележување, што ни дава комфор дека може да се сметаме за имунизирана нација – рече Сали.

Министерот зборуваше и за случајот со починатиот спортист Денис Тот. Според Сали, здравствниот кадар и вработените во КАРИЛ професионално постапиле. Тој додаде дека не забележан некој недостаток во пружања на првата помош и сите постапки кои се потребни за таков случај.

– Немил е случајот. Знам дека млад спортист починал како резултат на насилство. Меѓутоа во делот на професионалност мислам дека ниту еден од екипата на Итната помош, а ниту пак колегите во КАРИЛ немале некој професионален пропуст. Останува и судска медицина да даде извештај и тука ќе ја добиеме целосната слика. Направени се компјутерски томографии колку што било потребно, навремено без некои детали кои што нас нѐ наведуваат на некој можен пропуст при постапката – изјави министерот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО