5.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

„Саке Вива!“: Младите Јапонци премногу трезвени, државата сака да ги поттикне да пијат

НАЈЧИТАНО

Младите Јапонци се премногу трезвени, соопшти локалната даночна управа, која со нов тендер сака да ја прошири потрошувачката на алкохол кај оваа популација, пренесува Би-би-си.

Младите возрасни Јапонци пијат помалку од нивните родители, а тоа има последици за средствата собрани од алкохолни пијалоци како што е саке.

Затоа, Националната даночна администрација започна конкурс за идеи како да се промени овој тренд.

Целта на кампањата „Sake Viva!“ е да го направи консумирањето алкохол попривлечно и со тоа да им помогне на производителите на пијалоци.

Јапонците на возраст од 20 до 39 години можат да ги регистрираат своите бизнис идеи за да ја зголемат побарувачката меѓу своите врсници, без разлика дали се за саке, шочу, виски, пиво или вино, јавува Би-Би-Си.

Јапонските медиуми пишуваат дека реакциите за ова натпреварување се различни. Критичарите се противат на промовирањето на една нездрава навика, но многумина веќе ги објавија своите идеи на интернет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО