4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Сакајќи да направи селфи, американски турист падна во кратерот Везув

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Водичите во туристичкиот центар Везув успеале да извлечат американски турист кој паднал во кратерот додека се обидувал да си го извади паднатиот телефон, пренесува АП.

Медиумите јавуваат дека група туристи скршнале од дозволената патека за да се доближат до кратерот и да направат селфи, а еден од нив се лизнал и паднал во кратерот.

Шефот на туристичката асоцијација, Паоло Капели, рече дека четворица водичи веднаш одговориле на повикот дека туристот е во „сериозни тешкотии“.

Капели рече дека водичите спуштиле јаже долго 15 метри во кратерот, го извлекле туристот и му пружиле прва помош, бидејќи се здобил со гребаници на нозете, раката и грбот.

Везув, кој во 79 година од нашата ера го уништи блискиот град Помпеја во силна ерупција, е многу популарно место за пешачење.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Банките имаат долги списоци на одземен имот за продажба

Имоти на компании во стечај, производни погони, хотели, ресторани, машини опрема, станови, куќи, како и удели на поединци во компании, па се до кранови, маски и...

Ѝ испратил лажна банкарска сметка за уплата

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на...

Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија. ChatGPT (Chat...
spot_img
spot_img
spot_img