14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

САД „удрија“ и по руската главна банка, олигарси, компании..

НАЈЧИТАНО

САД денеска наметнаа нови санкции поради руската окупација на Украина, во списокот се додаваат 328 претставници на Државната дума, рускиот Парламент, што е, исто така, санкциониран како институција, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во денешното соопштени од американскиот Стејт департмент се наведува дека САД, сојузниците и партнерите „сакаа да нанесат удар во срцето на руската способност да води војна и да прави агресија против други земји, вклучувајќи ја Украина“.

– Претседателот Путин продолжува да нанесува хорор и огромни страдања на народот во Украина. Во меѓувреме, Државната дума продолжува со употреба на својата законодавна моќ за напад на неистомислениците и фундаменталните права на граѓаните во Русија – изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

Санкционираните 328 членови на Думата се додадени на 12-те членови кои веќе беа санкционирани на 11 март.

– Овие членови го поддржуваат нарушувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од страна на Кремљ, вклучувајќи договори за признавање на самопрогласената независност на области контролирани од Русија во Источна Украина, таканаречените Доњецка народна република и Луганска народна република – се вели во соопштението.

Санкционирана е и Думата во целина, како и Герман Греф, директор на руската главна банка Сбербанк, „близок соработник на Путин“.

Санкционирани се и 17 членови на бордот на „Совкомбанк“, компанијата „Волга Груп“, поврзана со Генадиј Тимченко, санкциониран уште од 2014 година. Под замрзнување на сопственост и забрана за патување во САД се најдоа и сопругата на Тимченко, нивните две ќерки, блиски роднини.

Санкционирани се и неколку компании кои работат во одбранбениот сектор на Русија.

„Ќе продолжиме да нанесуваме штета сѐ додека Путин не ја запре оваа непровоцирана војна против Украина. Ги повикуваме оние што се најблизу до Путин да запрат и јавно да ја осудат оваа крвава војна, која предизвика незамислива смрт на стотици цивили, вклучувајќи деца, и најголема хуманитарна катастрофа во Европа од Втората светска војна“.

САД наведуваат дека продолжуваат со поддршката за Украина, вклучително и дополнителни 800 милиони долари безбедносна помош, со што вкупната американска помош за земјата во изминатите две недели изнесувала една милијада долари, или вкупно две милијарди од лани во март.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО